мини|десно|200px|исправено|Тесје-Лавињ во 2013 Марк Тесје-Лавињ (, р. 18. декември 1959 во Трентон, Онтарио, Канада) е американско-канадски невролог и е 11ти ректор на Стенфордовиот универзитет во Стенфорд, Калифорнија, САД. Претходно, Тесје-Лавињ беше професор на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско и ректор на Рокфелеровиот универзитет во Њујорк, Њујорк, САД. Тој беше извршен потпретседател за истражување и главен научник на Џенентек. Тесје-Лавињ е првиот менаџер од приватниот сектор кој станал ректор на Рокфелеровиот универзитет. Член е на Кралското друштво, канадското Кралско друштво, британската Академија на медицинските науки, американската Национална академија на науките и многу други академски здруженија. Тесје-Лавињ моментално служи на научниот надзорен одбор на фондацијата „Излечи ја Алцхајмеровата“ (), невладина организација која поддржува научни трудови за изнаоѓање на лек за алцхајмеровата болест.

Наводи

Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Американци со канадско потекло Категорија:Невролози Категорија:Американски научници Категорија:Канадски научници Категорија:Апсолвенти на универзитетот „МекГил“ Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Лондонскиот универзитетски колеџ Категорија:Ректори на Стенфордовиот универзитет Категорија:Професори на Стенфордовиот универзитет Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Кралското друштво на Канада Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките