Амелингхаузен () — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија Местоположба

Општината се наоѓа во самиот природен парк Линебуршко Поле. Источно од Амелингхаузен се наоѓа горниот тек на реката Лопау, која се влева во истоименото езеро, користено во туристички цели.

Општински единици

Општината Амелингхаузен се состои од следниве единици:

Амелингхаузен Дензен Ецен

Историја Рана историја

Местото Амелингхаузен првпат е споменато во документите на 22 мај 1293 година.Nds. StA Wolfenbüttel, 140 A, Nr. 19. Првото човечко присуство во областа било пред 15.000 години п.н.е., во периодот на младото камено доба. Околу 3.700 години п.н.е. се забележуваат првите човечки населби во областа.

Потекло на името

Името на местото потекнува од бискупот Амелунг фон Верден. Завршницата „-хаузен“ означува дека е понова населба (околу 800 година), бидејќи завршниците „-бург“, „-хаген“, „-инген“, „-роде“ или „-хузен“ се појавиле први.

Среден век и ново време

Поседите на бискупот, меѓу кои фармата Јункернхоф, по неговата смрт во 962 година припаднале на Бискупијата Верден, но сепак ги презел неговиот брат Херман Билунг (починат 973), поради што бил екскомунициран.

Амелингхаузен било едно од 16. села за кој бил задолжен големиот фогтај од Винзен. Поседувал сопствен суд и своја судска јурисдикција.

Во периодот од 1603 до 1616 година, војвотката Доротеја спровела разни истраги против вештерки, кои ги изгорела на ридот. Тоа биле едни од последните судења на вештерки во денешна Долна Саксонија.

На 7 јуни 1818 година (недела), во Амелингхаузен избувнал пожар. Во пожарот изгорел целиот стар дел на селото во само два часа.Matthias Blazek: Das Löschwesen im Bereich des ehemaligen Fürstentums Lüneburg von den Anfängen bis 1900. Adelheidsdorf 2006, , p. 184.

Старата црква во местото подигната во 1501 година била уништена во пожарот.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Линебург (округ)