мини|Хосрошахи во 2019 година Дара Хосрошахи ( или , р. 28. мај 1969 год. во Техеран, Иран) е иранско-американски стопанственик и главен извршен директор на Убер. Хосрошахи претходно беше извршен директор на Експедија Групацијата која поседува повеќе агрегатори за туристички понуди. Тој исто така е член на одборите на BET.com и Hotels.com, а претходно беше и на одборот на компанијата „Њујорк Тајмс“.
Хосрошахи е на списокот на еминенти Американци со иранско потекло која е објавена од американската амбасада во Техеран.
Наводи
Категорија:Родени во 1969 година Категорија:Американци со иранско потекло Категорија:Американски стопанственици Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет