Џанет Луиз Јелен (, р. 13. август 1946 година во Њујорк, Њујорк, САД) е американски економист на институтот „Брукингс“. Јелен беше претседавач со Системот на федералните резерви на САД од 2014 до 2018 година. Таа дојде на таа позиција од местото на потпретседател на Системот (2010-2014 година). Претходно таа беше претседател и главен извршен директор на Федералната резервна банка во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Ги има извршувано и задачите на претседавач на советот за економија при Белата Куќа за време на претседателот Бил Клинтон, а беше и професор по бизнис на Школата за бизнис „Валтер А. Хаас“ при Калифорнискиот универзитет, Беркли.
Јелен беше номинирана од претседателот Барак Обама да го наследи Бен Бернанки како претседавач со Системот на федералните резерви на САД. На 6. јануари 2014 година, американскиот сенат ја потврди оваа номинација. Оваа значајна одлука одекна во јавноста и Јелен положи заклетва на 3. февруари 2014 година со што постана првата жена која ја имала оваа позиција. Таа ја вршеше улогата на претседавач до 3. февруари 2018 година. Освен бројните успеси и придонеси во областа на економијата, Јелен е запаметена и по отстранувањето на многу родови пречки како жена во нејзината професија.
Наводи
Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Американци Категорија:Економисти Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Јејл Категорија:Професори на Калифорнискиот универзитет, Беркли Категорија:Претседавачи на Системот на федерални резерви на САД Категорија:Американски Евреи Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Живи луѓе