ψ Лебед или Пси Лебед — троен ѕвезден систем во соѕвездието Лебед. Со заедничка привидна ѕвездена величина од 4,92, може да се забележи со голо око. Од 2002 година, внатрешниот пар, компонетите Aa и Ab, биле на аголно растојание од 0,10 mas долж положбен агол од 77,6°. Нивната заедничка ѕвездена величина е 5,05. Релативно во однос на овој пар, третиот член на системот е со величина од 7,61 оваа составница B, е на аголно растојание од 2,87 лачни секунди долж положбен агол од 175,6° од 2010 година. Врз основа на измерената годишна промена на паралаксата од 11,59 mas, Пси Лебед се наоѓа на растојание од 281 светлосна година од Сонцето.

Посјајниот член на системот, односно Aa, има спектар карактеристичен за A-тип на ѕвезда од главната низа и е со ѕвездена класификација A4 Vn, каде 'n' означува „маглинени' впивни линии кои се должат на големата вртежна брзина. Се верува дека се врти со вртежна брзина од 207 km/s. Оваа составница сјае со сјај 62 пати поголем од сјајноста на Сонцето од нејзината надворешна атмосфера при делотворна температура од 7.971 K.

Наводи

Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот A Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Троѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, Пси Лебед, 24 189037 098055 7619 Категорија:Тела од Бонскиот преглед