Ми Лебед (μ Лебед, μ Cygni) — двојна ѕвезда Vizier catalog entry во соѕвездието Лебед. Видлива е со голо око како слаба точка со збирна привидна величина од 4,49. Се наоѓа на 72 светлосни години од Сонцето, мерејќи според паралаксата, и се оддалечува со радијална брзина од +17 км/с.
Двоецот има орбитален период од околу 800 години, со главна полупска 5″ и занесување од 0,6. Vizier catalog entry Главната составница, со привидна величина од 4,69, е жолто-бело џуџе од класата F6V. Има 35 % поголема маса од Сонцето и 188 % поголем полупречник. Се врти со проектирана вртежна брзина од 9,6 км/с. Втората составница е жолто џуџе со привидна величина од 6,12 од класата G2V. Има сличен полупречник како Сонцето и малку повеќе маса.
Утврдени се уште две составници за кои се смета дека се оптички придружнички, а не дел од самиот систем: C (прив. вел. 12,93) и D (прив. вел. 6,94). Составницата D е подалечната спектроскопска двојка HD 206874 (HIP 107326), кој пак е сочинет од два подџина во рана фаза на типот F.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Жолти џуџиња Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Бајерови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Флемстидови објекти 206826/7 107310 8309/10