Вилијам Херберт Кенерсон (, 9. декември 1873 година во Фол Ривер, Масачусетс, САД - 22. септември 1966 година во Провиденс, Род Ајленд, САД) е американски машински инженер. Тој беше првиот кој ги вршеше истовремено улогите на извршен секретар за Националниот истражувачки совет и на Националната академија на науките на САД.
Кенерсон е прв студент кој дипломира на програмата за машинско инженерство на Брауновиот универзитет. Тој магистрира на Харвардовиот универзитет во 1906 година. По магистратурата постанува професор во Одделот за градежно и машинско инженерство на Брауновиот универзитет, каде благодарение на неговите напори одделот опстанува како академска единица на универзитетот. По формирањето на Дивизија за инженерство на универзитетот, Кенерсон беше првиот директор од 1916 до 1941 година. По повлекувањето од академската позиција, тој работи во Националниот истражувачки совет.
Наводи
Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Починати во 1966 година Категорија:Американци Категорија:Инженери Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Професори на Брауновиот универзитет