Иван Мрквичка (; , 23 април 1856 – 16 мај 1938) е сликар родум од Чешка и активен деец во уметничкиот живот на новоослободената Бугарија во доцниот 19 и почетокот на 20 век. Се смета за еден од основачите на современата бугарска уметност.

Животопис мини|лево|Ратка Хаџиниколова во македонска носија, 1880 Бил роден во селото Видим, во близина на Дуба. Студирал на академијата за ликовни уметности во Прага, а потоа на Минхенската академија. Во 1881 година по покана на властите во Источна Румелија дошол во Пловдив, каде бил назначен за учител во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ и каде соработувал со значајни културни дејци од градот — Иван Вазов, Константин Величков, Петко Каравелов, Петко Славејков.

Првата изложба ја реализирал во 1886 и одржал и две изложби со Антон Митов, кој исто бил учител во гимназијата. За време на престојот во Пловдив, Мрквичка создал некои од неговите најдобри дела: Пловдивски пазар (1883), Сакаџии (1886), Циганска веселба (1887), Продавач на птици (1887), Пазар во Пловдив (1888) и други.

Мрквичка се преселил во Софија во 1889, каде бил еден од основачите на Националната уметничка академија во 1896, но кратко се вратил во Пловдив во 1892 да учествува на специјална изложба во главниот павилјон на Саемот во Пловдив. Тука изложил 15 слики, меѓу кои Улица во Пловдив, и скулптура Бугарија — покровителка на земјоделството и занаетите. Тој го изработил и официјалниот плакат на изложбата.

Сликал сцени од секојдневниот живот, иако има и дела со историска тематика и е автор на повеќе портрети. Тој е еден од авторите на тогашниот грб на Бугарија и грбот на Софија. Станал дописен член на Бугарската академија на науки во 1918.

Синот на Иван Мрквичка, кој го носел неговото име, загинал на фронтот во Првата светска војна како бугарски офицер.

Дела

Категорија:Чешки сликари Категорија:Дописни членови на БАН Категорија:Родени во 1856 година Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Бугарски сликари