Црквиште — археолошко наоѓалиште во велешкото село Џидимирци. Претставува црква со некропола од средниот век. На 2 км источно од селото, на мала височинка со зарамнето плато се гледаат остатоци од ѕидови и зачувани темели од објект со четирилисна основа. Околу него се откриени конструкции на гробови од камени плочи со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 88, ISBN 9789989101069

Поврзано Џидимирци — некропола од доцноантичкото време; Џидимирци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи