Харви Фокс Силвермен (, р. 1943 година во Хартфорд, Конектикат, САД) е американски инженер. Тој е еден од пионерите во областа за обработка на дигитални сигнали во реално време и за обработка на говор. Моментално е професор по инженерство на Брауновиот универзитет.

Силвермен дипломира на колеџот „Тринити“, а потоа магистрира и докторира на Брауновиот универзитет. Десетина години работи во приватниот сектор како дел од персоналот на истражувачкиот центар „Томас Џ. Вотсон“ на Ај-Би-Ем во Њујорк, САД, за потоа да се врати на Брауновиот универзитет како професор. Основач и директор е на Лабораторијата за инженерски човечко-машински системи. Во текот на својата кариера, служел на многу одговорни позиции вклучувајќи декан на Дивизијата за инженерство, на надзорниот одбор на колеџот „Тринити“ и техничката комисија на ИЕЕЕ АССП.

Во текот на својата кариера, професорот Силвермен објавил повеќе од 200 научни труда и добитник е на бројни патенти. Тој добил неколку награди вклучувајќи и Медал во чест на стогодишнината на ИЕЕЕ.

Наводи

Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Американци Категорија:Инженери Категорија:Апсолвенти на колеџот „Тринити“ Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Професори на Брауновиот универзитет