Локвањи – слика од Јован Димовски. Сликата е масло на платно, завршена во 1956 година со димензии 61 х 91 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.
Опис На сликата „Локвањи“ е претставен пејзаж со водни лилјани во вода. Врз целата слика е насликана водената површина низ која виреат различни стебленца на растенија кои растат од дното под водата. Во централниот дел на сликата насликани се една поголема група водни лилјани – растенија кои имаат големи цутови и цветови и кои како да лебдат на површината од водата. Сликата го воспева животот – хармонијата во пејзажот, во водата и растителниот свет. Насекаде блика живот и поетска хармонија.
Авторот брзо го сликал мотивот, сакајќи да го прикаже моментот на некое чисто, топло и пријатно летно пладне. Тоа е негов субјективен впечаток и доживување – постапка која во сликарството е позната како импресионизам. Авторот сакал своето позитивно емотивно чувство да го пренесе преку лебдеењето на цветовите на водните лилјани во водата. Сликата е весела, полна со живот и воспевање на раскошот на природата.Уметничка слика „Локвањи“
Наводи
Категорија:Слики од Јован Димовски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1956 година