Парамарибо (холандски: Paramaribo) е округ во Суринам. Административен центар на округот е главниот град на државата, Парамарибо.

Географија Округот се наоѓа во северниот дел на државата. Вкупната површина на округот е 182 км2. Административен центар на округот е Парамарибо. Округот го опфаќа главниот град на Суринам и околината.

Население Според последниот попис во државата, во округот живееле 240.924 жители, што е скоро половина од вкупното население на државата.

Ресорти

Парамарибо е поделен на 12 ресорти:

Бекхеузен Блаугронд Вег нар Зе Велгелеген Латоур Ливорно Мундер Понтбеутен Рајнвил Таменга Центар Флора

Наводи

Поврзано Парамарибо Суринам

Надворешни врски Основни информации за Парамарибо

Категорија:Парамарибо (округ)