Црна Црква — археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари. Претставува средновековна црква со некропола. Се наоѓа на 2 км северно од маалото Витоша на Горно Оризари, на карпа испуштена над левиот брег на Оризарска Река, се гледаат остатоци од темели на мала црквичка, со димензии од 7 × 12 м, и гробови распоредени јужно и западно од неа.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069
Поврзано Бела Црква — доцносредновековна црква; Затселиште — населба од железното и римското време; Јаловец — старохристијанска црква; Куново - Чуки — некропола — тумули од железното и доцноантичкото време; Куново — населба од римското време; Селиште — населба од железното и римското време; Сланец — населба од доцноантичкото време; Соколовско Маало — населба од доцноантичкото време; Топлак — населба од неолитското време; Цигански Рид — населба од неолитското, железното и римското време; Црквиште - Крушарски Рид — средновековна некропола; Оризари; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Оризари (Кочанско)