Кантон Фрибур/Фрајбург (скратеница FR, , ) – кантон во средишниот дел на Швајцарија. Главен град на кантонот и негова најголема населба е градот Фрибур/Фрајбург.
Природни одлики мини|290 п|д|Окрузи во кантонот Фрибур/Фрајбург На север кантонот Фрибур/Фрајбург со свои енклави излегува на Нешателско Езеро. Северниот дел е брановиден и понизок, па е понаселен и стопански поразвиен. Посебно е важна долината на реката Сарин, каде е најголема концентрацијата на население и стопанство. Јужниот и средишниот дел на кантонот им припаѓа на Бернските Алпи. Највисокиот врв е на надморска висина од 2.389 метри. Површината на кантонот е 1.671,42 км2.
Окрузи Броје - седиште Еставаје ле Лак, Вевејсе - седиште Шате-Сен-Дени, Глане - седиште Ромон, Гријер - седиште Буле, Зе - седиште Муртен/Морат, Сарин - седиште Фрибур/Фрајбург, Сензе - седиште Таферс.
Население и населби Кантонот Фрибур/Фрајбург во 2018 година имал 318.714 жители.
Кантонот Фрибур/Фрајбург е двојазичен. Се зборуваат француски (63,2%) и германски јазик (29,2%), или попрецизно дијалекти на овие јазици. Францускиот преовладува на југ и запад, додека германскиот на север и исток на кантонот. Градовите Фрибур/Фрајбург и Муртен/Морат се двојазични.
Поголемиот дел од населението се католици (73%) со значајно протестантско малцинство.
Најголеми градови се: Фрибур/Фрајбург, 34.000 жители - главен град на кантонот Буле, 17.000 жители. Вилар сир Глан, 11.000 жители.
Стопанство Главни стопански активности се: земјоделство (сирење, тутун, овошје), производство на хидроелектрична енергија и ситни индустриски претпријатија. Од кантонот Фрибур потекнува сирењето гријер.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
www.fr.ch Официјална страница на кантонот Фрибур/Фрајбург
Фрибур