А Коруња () или Ла Коруња () — најсеверозападна покраина на Шпанија и една од четирите кои ја сочинуваат автономната заедница Галисија. Опкружена е од Атлантскиот Океан на запад и север, покраината Понтеведра на југ и покраината Луго на исток.
Историја Историјата на покраината започнува некаде на крајот од средниот век, за време на владеењето на католичките кралеви. Во тоа време покраината била значително помала од денес, а денешните граници ги добила дури со територијалното преуредување на Шпанија во 1833 г. кога сета покраина Бетансос и половината од Мондоњедо биле споени во една, со главен град А Коруња.
Оттогаш А Коруња е покраина со најголемо население и најголд брег во Галисија. Сè до втората половина на XX век, покраината била духовно и културно средиште на сиот регион. Универзитетот на Сантјаго де Компостела бил единствениот во северозападна Шпанија сè до смртта на Франциско Франко.
Главни знаменитости Од исклучително значење е катедралата „Сантјаго де Компостела“ како крајно одредиште на познатиот Пат за Сантјаго — важен историски пат за поклонение на Апостол Јаков уште од средновековието. Тука и денес доаѓаат голем број поклоници од најразлични делови од светот.
Паркови Национален парк Атлантски острови на ГалисијаНационален парк Атлантски острови на Галисија — единствениот национален парк во Галисија. Зафаќа делови од покраините А Коруња и Понтеведра. Еумски шуми — се протега во окрузите Еуме и Ферол. Природен парк Дини на Корубедо (Parque Natural das Dunas de Corrubedo e lagoas de Carregal e Vixán) — плажен парк на самиот крај на полуостровот Барбанса.
Сообраќај Воздушен сообраќај Аеродром Сантјаго де Компостела Аеродром А Коруња - Алведро Хелидром Грања (Феролтера) Хелидром Нарон (Феролтера)
Железнички сообраќај Државна железничка мрежа на Шпанија (RENFE) — ги поврзува сите поважни градови: Ферол, Бетансос, А Коруња и Сантјаго де Компостела Шпански теснолинејки (FEVE) — го поврзува Ферол со разни населени места во Ортегал. Оди и до Ирун во Баскија. Шпанска големобрзинска железничка мрежа (AVE) — ги поврзува поважените градови на покраината со Лисабон и Мадрид.
Стопанство
Пристаништа 250px|мини|десно|Пристаништето во А Коруња А Коруња — главно стопанско пристаниште Малпика — рибарско пристаниште Камарињас — рибарско пристаниште Фистера — рибарско пристаниште Ферол — важно стопанско и воено пристаниште Карињо — рибарско пристаниште Еспасанте — рибарско пристаниште Седејра — рибарско пристаниште
Поврзано Список на општини во А Коруња
Наводи
Надворешни врски
Собрание на А Коруња
Категорија:Покраини во Галисија