Икона или Блато — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на 1,2 км источно од селото, десно од меѓуселскиот пат Велмеј - Брежани, југоисточно од Кутлина. Претставува заоблена тумба, обрасната со борова шума, со зарамнето плато на чија средина стои исправена плоча од бигор со димензии од 1.75 × 0.70 × 0.20 м. На средината од плочата што е свртена кон запад има изделкан рамнокрак крст со должина и ширина од 0.23 м, а на другата, свртена кон исток, во горната половина има издлабена четвртеста ниша со димензии од 0.26 × о.22 × 0.07 см. Плочата овде е секундарно употребена, а сигурно била дел од гробна конструкција. Претпоставката е дека на тумбата всушност се протега некропола која веројатно била врзана за населбата на наоѓалиштето Кутлина.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола; Калуѓерица — раносредновековна некропола; Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното, железното време, и раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — раносредновековна населба и некропола; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Црквиште — раносредновековна црква и некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Велмеј