Попов Дол — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува некропола од доцноантичкото време и ран Среден век. Се наоѓа на околу 300 м северозападно од селото, западно од наоѓалиштето Калуѓерица, над горниот меѓуселски пат Велмеј - Средоречие. На западната страна на ридот (нива на еден селанец, според археологот Васил Лахтов) биле откриени повеќе гробови градени од бигорен камен. По површината се среќаваат фрагменти од доцноантички и раносредновековни керамички садови. Овие гробови и гробовите од наоѓалиштето Калуѓерица најверојатно и припаѓале на иста населба која би требало да се наоѓа во непосредната близина.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 243, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време; Гладница — населба од доцноантичкото време; Горица — населба од развиеното средновековие; Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време; Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век; Грамаѓе — некропола од железното време; Иванова Ливада - Икона — раносредновековна црква и некропола; Икона - Блато — раносредновековна некропола; Калуѓерица — раносредновековна некропола; Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време и раносредновековна некропола; Манастириште — средновековен сакрален комплекс; Оџа Бавча — раносредновековна некропола; Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време; Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време; Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време; Писан Камен — некропола од железното време; Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век; Селце — населба од развиеното средновековие; Скала — раносредновековна населба и некропола; Скала — топилница од доцноантичкото време; Средна Горица — ранословенска некропола; Црквиште — раносредновековна црква и некропола; Шивлица — раносредновековна црква; Велмеј; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Велмеј