Стари Гробишта — археолошко наоѓалиште во селото Волино во областа Дебрца. Претставува раносредновековна некропола. Се наоѓа на североисточниот крај на селото, на почетокот од каналот на реката Сатеска. При вршење на ископи биле откривани и уништувани гробови со гробни прилози од бронза и стакло, меѓу кои имало и 2 прстена со временска припадност на XII век (според археологот Лахтов).Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 244, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Св. Климент — некропола од римското време; Св. Никола — средновековна црква и некропола; Волино; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Волино