Ијан Џејмс Ранкин (англиски: Ian James Rankin, 28 април 1960) е шкотски писател, кој кај светската и шкотската книжевна јавност е познат по криминалистичките/ детективските романи со Инспектор Ребус.

Живот Ренкин е роден во Карденден, Шкотска. Неговиот татко поседувал продавница за зеленчук и овошје, додека пак неговата мајка работела во училишна менза. Тој го започнал образованието во училиштето Бет, во Коденбет. Кога тој се одлучил да учи книжевност на фактултет неговите родители биле шокирани, бидејќи тие очекувале тој да се запише на трговија. Тој бил поддржан од неговиот наставник по англиски јазик, и така дипломирал во 1982 глдина во Едунбуршкиот универзитет. Тој предавал на универзитетот. Живеел во Тотенхем во Лондон четири години, потоа во рурална средина во Франција шесѕ години, кога ја развивал неговата писателска кариера.Rankin, I. (1998) Tooth & Nail. London: Orion. p. vii. Пред да стане целосно посветен на пишувањето, работел голем број други неквалификувани и квалификувани работи."Profile: Ian Rankin", January Magazine"Ian Rankin" , Bookslut, April 2005.

Живее во Единбург со неговата сопруга Миранда, со која се венчал во 1986 година. Тие имаат два сина, Џон и Кристофер.

До денес има објавени 25 романи, две збирки кратки раскази, една новела и еден реалистичен роман..

Наводи

Надворешни врски

Профил на „Guardian Books“

Категорија:Шкотски писатели Категорија:Писатели на мистерија Категорија:Писатели на криминалистичка фикција Категорија:Офицери на Редот на Британската Империја Категорија:Членови на Кралското книжевно друштво Категорија:Родени во 1960 година