„Буквар со читанка за прво одделение“ – буквар со читанка на македонскиот јазик наменет за учениците од прво одделение. Букварот бил изработен од комисијата при Министерството за народна просвета во состав: Димитар Поп Ефтимов, Спасе Чучук, Јонче Јосифовски, Васил Куновски, Јордан Киранџијски, Ѓорѓе Ристиќ. Насловната страница и цртежите ги изработил Василие Поповиќ-Цицо. Книгата била отпечатена во Скопје во 1945 година во Државната печатница „Гоце Делчев“ како книга од 96 страни.Буквар со читанка
Наводи
Категорија:Македонски јазик Категорија:Книги од 1945 година