Хајгенс () — најависока самостојна планина на Месечината. Висока е околу 5.500 м и сместена во венецот Апенини.

На запад е планината Ампер. Апенините се настанати со удар кој го создал Морето на Дождовите (Mare Imbrium). Планината е наречена по истакнатиот холандски астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс (1629 -1695).,

Треба да се напомене дека врвот на оваа планина не е највисоката точка на Месечината.MP - Mons Huygens Највисокото место е Месечевиот Врв () кај кратерот Енгељгарт, кој е речиси двојно повисок, но не е самостојна планина.

Поврзано Список на највисоки планини во Сончевиот Систем Планетарна геологија

Наводи

Надворешни врски

Хајгенс на викито за Месечината Карта со прибелешки (извор)

Категорија:Планини на Месечината