Селиште Ивани — археолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. На околу 4,5 км источно од селото, на јужниот брег од Иванин Дол, а на западниот крај на просторот обграден со борова шума се гледаат остатоци од сакрална градба. Околу неа има масивни плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горно Поле — населба од доцноантичкото време; Горно Црквиште - На Мартинец — средновековна црква; Зад Лозја — доцносредновековна населба; Криви Загони - Лозишта — некропола од доцноантичкото време; Редеш — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — населба од железното време и средновековна црква; Црвени Брегови — раносредновековна црква и некропола; Црква Св. Петар — доцносредновековна црква и некропола; Црквиште — средновековна црква и некропола; Чешмите - Магда — населба и некропола од доцноантичкото време; Мешеишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Мешеишта