Манастириште — археолошко наоѓалиште во селото Песочани во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото и околу 200 м источно од старата железничка пруга Охрид-Кичево. Во северниот дел на просторот се забележуваат остатоци од сакрална градба со насоченост исток-запад од раниот и развиениот среден век. На целиот простор, исто така, се забележуваат траги од средновековни гробишта.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 273, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Кула — утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век; Песочани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Песочани