Основно училиште „Братство-Миѓени“ (во минатото: Основно училиште „Братство-Единство“; официјално: Основно општинско училиште „Братство-Миѓени“ - Тетово; скратено: ООУ „Братство-Миѓени“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.

Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство.

Историја

Училиштето е едно од најстарите, основано во 1958 година под името „Братство-Единство”. Сместено било и сѐ уште е на улица „Љубо Божиноски – Пиш“ бр. 41. Во него во него наставата најпрво се изведувала на македонски и албански јазик од прво до осмо одделение. Подоцна започнала настава на турски јазик од прво до четврто одделение.

Училиштето од тогаш до денес се развивало како централно училиште со подрачно училиште во населеното место Сараќино. Во 1993 година училиштето го сменило името во „Братство-Миѓени”.

Особености и спецификации

мини|200п|лево|Градбата во Спортски Центар.

Денес во него учениците посетуваат настава на: македонски јазик од прво до деветто одделение во Тетово и Сараќино, на албански јазик од прво до деветто одделение во Тетово и од прво до четврто одделение во Сараќино. Воспитно-образовната работа се одвива во 4 градби: зградата на централното училиште, градбата во населбата Спортски Центар, градбата во населбата Дреновец и една подрачна градба во Сараќино.

Зградата на централното училиште располага со 29 училници од кои 11 се мали и приспособени во кои потешко е да се изведува современа настава поради ограничен простор. Во него се изведува настава на албански јазик од прво до деветто одделение и на турски јазик исто така од прво до петто одделение.

Во новата училишна градба сместена во населбата Спортски Центар има 8 училници на првиот кат и 2 подрумски простории приспособени за училници и една просторија за дневен престој. Во нив учат ученици од прво до деветто одделение со настава на македонски јазик.

Во подрачното училиште има 6 училници во кои настава се изведува на македонски јазик од прво до деветто одделение и албански јазик од прво до петто одделение.

Во најновата градба во Дреновец учат ученици од прво до деветто одделение со настава на албански јазик во 18 училници. Во градбата има наставничка сала, канцеларии за помошникот директор, за педагог и психолог, библиотека, кабинет по информатика, просторија за физичко, една котларница, како и просторија за хигиеничарите. Градбата рaсполага со голем број на неискористен простор (училници и др. простории).

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Категорија:Основни училишта во Тетово Тетово Категорија:Основни училишта во Македонија