Ѓурѓева Црква — археолошко наоѓалиште во маалото Црквенец на делчевското село Ветрен. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола. Во реонот на маалото, во непосредната близина на истоимениот дол, на една мала површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Се гледаат и остатоци од темели на мала еднокорабна црквичка.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 132, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бела Река — населба и некропола од доцноантичкото време; Могила — могила од римското време; Црквенец; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи