Стара Црква — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Крушица. Претставува средновековна црква и некропола. На 300 м источно од селото има урнатини од мала правоаголна црквичка со димензии во основата од 6 × 3 м и ѕидови зачувани во височина до 2 м, градени од големи камени блокови. На источниот крај се наоѓа ниша во вид на апсида. Во ѕидовите се вградени две надгробни стели со старогрчки натписи и една архитравна греда со профилирана рамка во која, исто така, има натпис.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 354, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Колева Чешма — средновековна црква и некропола; Рид — старохристијанска црква; Св. Дух — осамен наод од римското време; Св. Спас — осамени наоди од римското време; Крушица; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Крушица (Светиниколско)