Регионален пат 2332 (ознака: Р2332) — регионален пат во југозападна Македонија кој се протега низ општините Ресен и Охрид, поврзувајќи ја месноста Царина северозападно од селото Стење на брегот на Преспанското Езеро со селото Трпејца на брегот на Охридското, преку преод на Р1301, кој во таа насока потоа продолжува низ разни крајезерски места и завршува во Охрид. Патот е сочинет од само една делница, во должина од 27,7 км.

Патот е доста завиен бидејќи ја преминува планината Галичица која ги двои дете езера, врвејќи меѓу падините на врвовите Бајраче од север и Магаро од југ.

Делници

Регионалниот пат 2332 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 1 делница.

+Протегање на регионалниот пат Делница ПочетокКрајПотег (км) — врска со 0,01574ЦаринаТрпејца0,0 - 27,7 — врска со 27,7

Поврзано Регионални патишта во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Регионални патишта во Македонија