Мантица или Бозоица — археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува средновековна црква и некропола. На околу 800 метри североисточно од селото, лево од патот што води кон Петрино и Ресен, во близина на црквата Св. Илија има мала капела посветена на Св. Илија. Источно од капелата биле откриени три гроба градени од камени плочи, со насоченост исток-запад, за кои се претпоставува дека се дел од раносредновековна некропола. Во еден дел од гробовите е најдена сребрена обетка која денес се чува во Заводот и Музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Зад Кула — средновековна населба; Кале — тврдина од доцноантичкото време и средниот век; Котелица - Св. Никола — средновековна црква и некропола; На Лазој — некропола од римското време; Олмец - Кулиште — утврдена населба од железното време; Св. Димитрија — средновековна црква; Св. Илија — средновековна црква и некропола; Турски Гробишта — средновековна некропола; Чурила — средновековна некропола; Џамијата — средновековна црква; Велгошти; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Велгошти