Македонија учествуваше на Евровизија 2008 во Белград, Србија. Претставникот на Македонија беше избран преку национална селекција, Скопје фест 2008, во организација на македонскиот радиодифузер Македонска радио-телевизија (МРТ). Победник беше песната Во име на љубовта отпеана од Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа.

Скопје Фест 2008

Скопје Фест 2008 бил музички натпревар организиран од МТВ што служел како македонското националн финале за избор на нивниот претставник за Евровизија 2008. Натпреварот се одржал на 13 февруари 2008 во Метрополис Арена во Скопје, а домаќини биле Живкица Ѓурчиновска и Борислав Тноковски, и бил пренесуван на МРТ 1 и МРТ Сат.

Натпреварувачки песни МРТ добиле 130 апликации од заинтересирани изведувачи и композитори на отворениот конкурс кон крајот на 2007 затворен пред нова година. 15 песни биле одбрани од добиените апликации од страна на комисија составена и од претходни евровизиски претставници, додека дополнителни 6 песни биле поднесени од добро познати изведувачи и композитори директно поканети од МРТ за натпреварот. 21 натпреварувачки изведувачи и песни биле објавени на 12 јануари 2008.

На 14 јануари 2008, сите 6 песни напишани од поканетите композитори: "Аполон" изведена од Маја Вукичевиќ, "Кубана" изведена од Агон и Џокси, "Животот е мој" изведена од Сања Лефкова, "Слатка мала" изведена од Игор Шаревски, "Еден чекор или два" изведена од Филип Јордановски, и "Холивуд" изведена од Бојан и Биг Мама, биле повлечени од натпреварот со интерна одлука поради негативни реакции од композиторите на песните одбрани преку отворениот конкурс. Esctoday

Финале Победникот беше одбран со телефонско гласање (50%) и експертско жири (50%). Селекцијата беше пренесувана преку кабелска и сателитска телевизија.

Финалето се одржало на 23 февруари 2008. Esctoday 15 песни се натпреварувале и 50/50 комбинација од јавно телефонско гласање и жири комисија ја одбрале Во име на љубовта изведена од Тамара, Врчак и Адријан како победник. Покрај изведбите на натпреварувачките песни, натпеварот вклучувал гостински настапи од претставникот на Белорусија на Евровизија 2008, Руслан Алекно, претставникот на Босна и Херцеговина на Евровизија 2006, Хари Мата Хари, и оддавање почит на претставникот на Македонија на Евровизија 2004, Тоше Проески кој починал во 2007. +Финале – 23 февруари 2008Бр.Изведувач/иПеснаКомпозитор/иЖириТелефонско гласањеВкупноМесто1Сашо Гигов - Гиш"Доцна е"Григор Копров71,42051242Анета Качуркова"Порака"Роберт Билбилов, Анета Качуркова219502123Паркети"Strawberry"Сашо Паркет59533864Ристо Самарџиев и Flash"Дојди до мене"Ристо Самарџиев101,76171735Алтуна Сејдиу Туна"Прашувам без глас"Дарко Димитров, Максим Ристевски66150676Ламбе Алабаковски"Земјо моја"Дарко Димитров, Ламбе Алабаковски, Максим Ристевски82,401101827Елвир Мекиќ"Армија"Јован Јованов, Елвир Мекиќ01,5886688Горан Наумовски"Тајна скриена"Саша Вучковиќ015000149Тамара, Врчак и Адријан"Во име на љубовта"Раде Врчаковски123,4411224110Влатко Илиевски"Со други зборови"Влатко Илиевски0827111311Ноне Неделковска"Врати се"Кристијан Габровски385725912Јова Радевска"Јас сум овде"Јова Радевска01,026441013Игор Митровиќ"Јас и ти"Владимир Дојчиновски, Весна Малинова0121001514Соња Тарчуловска"Север и југ"Месрур Саут, Весна Малинова12,08689515Нокаут"Самовила"Никола Перевски, Владимир Крстевски42220411

Евровизија 2008 На Евровизија, Македонија настапи во второто полуфинале на 22 мај 2008, и иако заврши 10., не успеа да се квалификува во финалето, бидејќи таа година десеттиот што ќе оди во финале се избираше со бодови од жири комисија, и тоа место ѝ припадна на Шведска. Ова беше првпат Македонија да не успее да се квалификува во финалето откако полуфиналниот формат беше воведен во 2004.

Гласноговорник за Македонија на Евровизија 2008 беше водителот и презентер на МТВ, Огнен Јанески.

Гласање

Поени доделени на Македонија +Поени доделени на Македонија (Второ полуфинале)ПоениДржава12 бодови10 бодови8 бодови7 бодови6 бодови5 бодови4 бодови3 бодови2 бодови1 бод

Поени доделени од Македонија

+ Поени доделени од Македонија (Второ полуфинале) Бодови Држава 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

+ Поени доделени од Македонија (Финале) Score Country 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

Наводи

Категорија:Македонија во 2008 година 2008