Црвејнца — археолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век. Се наоѓа северно од селото, на левата страна на патот Охрид-Ресен, на почетокот на 20-тиот километар, а во непосредната близина на Прентов Мост. На почетокот на 1956 година, со работите на мостот, во брегот биле откриени гробови од хеленистичка и средновековна некропола. Во истата година Музејот од Охрид извршил сондажни, а во 1957-59 систематски ископувања. Со овие работи биле откриени и истражени 143 гроба од кои 83 од хеленистичкото време а 60 од раниот среден век. Во долните слоеви се најдени фрагменти од керамички садови, орудија од кремен и коска кои упатуваат на траги од неолитска населба. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 254, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горно Село — средновековна населба; Лажиште - Вилипец — населба од римското време; Мадем — топилница од доцноантичкото време; Релејца — Рударски јами од римското време; Старечки Дол — рудник и топилница од римското време; Требишки Рид — средновековна населба и некропола; Опеница; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Опеница