Лерте () — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 17 километри источно од покраинскиот главен град Хановер. Во век, Лерте бил најважна железничка крстосница во поранешното Кралство Хановер.

Географија Градски единици

Место км² Жители Алтен 19,68 5.493 Алигзе 5,75 1.696 Арпке 10,69 2.879 Хемелервалд 18,45 4.622 Имензен 19,40 2.412 Колсхорн 6,40 368 Лерте 20,46 23.493 Редензен 4,62 238 Зиферсхаузен 6,54 2.375 Штајнведел 13,24 1.799 Алтвармбихенер Мор 1,83 –

(Извор: Површина [состојба: 31.12.2016] и жители [состојба: 31.12.2015]Einwohnerzahlen und Flächen. In: Internetseite der Stadt Lehrte. 31. Dezember 2016, 20. April 2019.)

Историја

Градот првпат бил споменат во документираната историја на областа во 1147 година како релативно мало фармерско село. До 1352 година, кога била изградена црквата „Св. Никола“; месните жители оделе на црковни служби во селото Штајнведел.

Во тоа време, Лерте се наоѓал во историската област позната како Гросен Фрајен, што буквално означува „голема празнина“ и лежел далеку од поголемите сообраќајни правци.

Стопанство

До 1843 година, Лерте бил скриен од поважните текови, кога започнале работите на пругата Хановер-Брауншвајг, со што Лерте бил поврзан со обата града. Следната година, започнале работите на линиите до Целе (1845), Хилдесхајм (1846) и Берлин (1871).

Кога работите на железничката линија започнале, Лерте имал 755 жители, но 60 години подоцна населението десеткратно се зголемило. Во 1898 година, Лерте добил градски права.

Со железницата започнала да се развива и индустријата, вклучувајќи фабрики за тули, минерални ѓубрива, цемент, конзервирани добра и шеќер. Шеќераната до 2002 година преовладувала во самото средиште на градот.

Во 1910 година, цементарницата била затворена. ВО 1911 година бил основан сточен пазар и Лерте станал најважно место за стока во Северна Германија. Во 1912 година започнало откопување на руда. Во Берлин постои железничка станица „Лерте“, која била отворена во 1871 година како крајна станица на линијата помеѓу Берлин со Лерте и Хановер.

Познати луѓе

Хајнрих Бокемајер (1679-1751) — музиколог и композитор Курт Хиршфелд (1902-1964) — театарски режисер и драматург Рајнхард Мај (р. 1942) — пејач и текстописец Герхард Шредер (р. 1944) — политичар Вернер Лампе (р. 1950) — пливач Урсула фон дер Лајен (р. 1958) — политичарка Лукас Ригер (р. 1999) — пејач и текстописец

Галерија

Поврзано Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хановер (регион)