Горица — археолошко наоѓалиште на подрачјето на истоимената туристичка населба (и поранешно село) Горица во најјужниот дел на Охрид. Претставува некропола од римското време и средновековна црква со некропола. На полуостровот кој е дел од источниот брег на езерото, оддалечен околу 2 км југоисточно од градот, уште во 1925 година, при изградбата на касарните биле откриени ара со старогрчки натпис, темели од триконхална црква и некропола околу неа.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 255, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време; Видобишта — гробница од римското време; Горно Трново — населба од римското време; Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време; Долно Трново — населба од неолитското време; Козлук — населба од римското време; Лихнид — антички град; Антички театар — амфитеатар од хеленистичкото и римското време; Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и средниот век; Карабегомала — храм од хеленистичкото време; Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти; Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време; Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви; Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век; Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола; Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век; Кошишта — некропола од хеленистичкото време и раниот среден век; Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век; Панзир — населба и некропола од доцноантичкото време и средниот век; Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век; Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола; Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време; Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети; Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола; Хермелеја — населба од римското време; Охрид; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Охрид