Станислав Лесновски (, 14 век) – македонски книжевник од 14 век, најзначајниот претставник на Лесновскиот книжевен центар. Работел во првата половина на 14 век во Лесновскиот манастир и, според Илија Велев, од 1353 година во Марковиот манастир покрај Скопје.

Книжевна дејност Со своите ученици го уредил и препишал Станиславовиот пролог (1330), кој содржи и Кратко житие на Гаврил Лесновски (се чува во Архивот на САНУ, Белград), Минеј (Оливеров минеј, 1342) со химнографска Служба на Гаврил Лесновски, за кој изработил и орнаментика. Му се припишува уште еден минеј, т.н. месечен (од декември до февруари), како и пролог за раздобјето од септември до ноември (се чува во Софија). При евакуацијата на ракописната збирка од 55 дела на железничката станица во Ниш во 1915 година биле изгубени Оливеровиот минеј и Месечниот минеј. Неговите ракопис се занимливи и значајни за истражување на јазични, книжевни, химнографски, калиграфски и орнаментолошки особини на Лесновскиот книжевен центар од тоа време.

Поврзано Станиславов пролог Лесновски Ковачевиќев пролог

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Средновековна македонска книжевност Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година Категорија:Хагиографи