Playtime - француски филм од 1967 година, во режија на Жак Тати. Главните улоги ги толкуваат: Жак Тати и Барбара Денек.
Синопсис Господинот Уло (го игра Тати) има закажано состанок во голема деловна зграда во Париз, но никако не може да се најде со домаќинот, а потоа по грешка влегува во делот од зградата каде се одржува саем. Истовремено, група американски туристки доаѓаат во Париз. Во меѓувреме се отвора еден ресторан, иако градежните работи не се завршени. Набргу, во ресторанот доаѓаат многу гости, а тоа создава бројни проблеми за персоналот. Портирот на ресторанот му е пријател на Уло и го кани и него. Така, тој се запознава со Американката Барбара (ја игра Денек) на која ѝ купува шамија непосредно пред нејзиното заминување.IMDb, Playtime (1967) (пристапено на 23.5.2020)
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови на Жак Тати Категорија:Филмови со Жак Тати Категорија:Филмови со Барбара Денек