„Другата страна“ — збирка раскази од македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски. Книгата е издадена во 2019 година од издавачкото претпријатие Бегемот.„Другата страна“.

Содржина Книгата содржи 33 кратки раскази:Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019. Безобразниот ветер Вести од оној свет Веќе видено Влијанието на полната месечина Глас Господинот не може да се врати дома Диско за духови Доаѓа, доаѓа Другата страна Ѓаволска работа Земјотрес Инвазија Истовремено Книга полна неизвесност Лебдење Летно расположение Многу неодговорени прашања Мрачното море На крајот од тунелот Не ме терај да се повторувам Неверојатна приказна Невидливиот самоубиец Никој Ноќна прошетка Патување во зоната на самракот Продолжетокот на една мисла Светла Тивкиот убиец Траги Филм со (не)предвидлив крај Црни денови се ближат Човек во шумата Човекот со ноже во грбот

Технички податоици Книгата, со обем од 116 страници и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-09-2. Таа е испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното објавување било финансиски поддржано од Министерството за култура. Цртежот на предната корица е дело на авторот на книгата, графичкото уредување го извршила Наталија Лукомска, јазичната редакција е дело на Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева.Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.

Осврт кон делото „Другата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е поединечно дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Според Милан Дамјаноски, централната точка, ѕвездата околу која гравитираат сите овие мали светови и векторот на нивното поврзување е светогледот на Ѓорѓи Крстевски. Во богатиот спектар на раскази може да препознаеме хармсовски бурлескни сцени и ликови, борхесовски сложени лавиринтни пејзажи, одеци од најмрачните шуми од бајките на браќата Грим, како и грст ликови изгубени во кафкијански свет на метаморфози, бирократски шалтери и бесчувствителен свет.Бегемот, 2019 Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.

Наводи

Категорија:Ѓорѓи Крстевски Категорија:Дела на Ѓорѓи Крстевски Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Книги од 2019 година Категорија:Појавено во 2019 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2019 година Категорија:Македонски раскази