Основно училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“Во некои документи се сретнува името Скендербеу, што е албанско именување за Скендербег. (официјално: Основно општинско училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Србица; скратено: ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“) — централно основно училиште во селото Србица, Општина Кичево. Училиштето се наоѓа помеѓу селата Србица и Арангел.

Денес, училиштето е именувано по албанскиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, додека во минатото училиштето го носело името Лирија („Слобода“).

Местоположба

Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Србица, кога се влегува од страната на селото Арангел.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.

Наставниот процес во централниот објект во Србица се изведува во две училишни згради една до друга.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Жубрино, петтгодишно подрачно училиште; и ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Ново Село, петгодишно подрачно училиште.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кичево Србица Категорија:Србица Категорија:Основни училишта во Македонија