Манастир Св. Никола — археолошко наоѓалиште во прилепското село Манастир. Претставува средновековна црква и некропола.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селото, од јужната страна, каде се наоѓа манастирската црква „Св. Никола“.

Опис

Црквата претставува трикорабна базилика и е со две фази на градба. Постарата црква била подигната во 1095 година, а поновата (сегашната) во 1266 година и живописана во 1271. Пред влезот, како и во црквата, има мермерни сполии од римското време, а на просторот околу неа и средновековна некропола. Во текот на конзерваторските работи на црквата се преземени и археолошки ископувања во северниот дел на манастирскиот двор каде што се откриени 12 гроба со конструкции од камени плочи или делумно оградени со камен. Според гробните прилози, некрополата била употребувана во XIV до XV век.

Поврзано Грамаѓе - Белило — некропола од римското време; Камен Крст - Присој — некропола од римското време; Камено Корито — осамен наод од римското време; Маркови Кули - Градок — средновековна тврдина и црква; Плевење — некропола од доцноантичкото време; Брест — населба од железно и античко време; Вакафска Куќа — двојно корито од римскиот период; Градиште — населба од бакарно, бронзено и железно време и раноантички период; Лаштигер — населба од бронзено време; Трештена Стена — населба од бакарно и бронзено време; Ќулавите — населба од бронзено време; Црните Тумби — населба од бронзено и античко време; Манастир; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Манастир (село)