Манастириште — археолошко наоѓалиште во скопското село Говрлево. Претставува средновековна населба и некропола. Југоисточно од селото, во правецот на селото Осинчани, при обработувањето на нивите се откриени остатоци од ѕидови и камени плочи од гробни конструкции. По површината се среќава множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 368, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Св. Илија — средновековна црква; Церје — населба од неолитското време; Говрлево; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Говрлево