Охрид — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина. Се наоѓа на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. До него се стигнува преку регионалниот пат Битола — Ресен — Охрид. Охрид е осми град по број на жители во Македонија со вкупно население од 38.818 жители (2021 г.) и се наоѓа на 135 километри јужно од градот Тетово.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „Градот на Светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име — Лихнид. Охридскиот Регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.
Потекло на името Името на градот настанало од старословенските зборови „во хриди“, т.е. „во ридот“, како описно име за местоположбата на градот којшто со векови опстојувал во јужната вдлабнатина на карпестиот рид.
Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.
Историја
Античка историја
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот првпат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците.
По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македонија. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, кој според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илјади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Средновековна историја Охридската област во крајот на VI век била изложена на масовна словенска колонизација. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
мини|десно|Св. Климент Охридски со модел на градот Охрид во рацете. Охридскиот крај уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
мини|лево|Самоиловата тврдина
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден-денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот цар Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископија.
Во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна Охридскиот крај заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан ги презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Османлиски период
Кон самиот крај на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македонија да ја наложи својата власт. Во 1408 година, Охрид потпаѓа под власта на Османлиите и наредните пет века опстојува како дел од тогашната Отоманско Царство. Турците, по своето доаѓање во овој крај, се населиле во рамничарскиот дел на исток и на запад од градот, додека поугледните и побогатите турски бегови изградиле и свои живеалишта покрај езерскиот брег, надвор од тврдината, во месноста Трсија.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 54
Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во ЦариградИмето на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930. да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.
Познатиот турски патописец Евлија Челебија кој го посетил Охрид во 1670 година, во својот патопис за овој град забележал: „Градот е добро населен, со рајски мирис, исто како градот Дамаск. Куќите му се приземни и на кат, со оформени седумнаесет маала (десет муслимански и 7 христијански). Куќите на големците се наоѓаат покрај езерото. Во градот има 17 муслимански храмови (големи и помали џамии), неколку медреси, седум мектеби, две јавни бањи, три трговски ана...Чаршијата е расфрлена на четири места со околу 150 трговски и занаетчиски дуќани“.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 58-59
400п|мини|лево|Панорама на Охрид од почетокот на XX век
Во 1767 година била укината Охридската архиепископија.
мини|десно|Автохромна фотографија на улица во Охрид во 1913 година
Основањето на првиот комитет на ТМОРО во Охрид се случило во август 1894 година. Пролетта 1901 година се пристапило кон создавање на чета со враќањето на неколкумина печалбари. За време на Илинденското востание во Охридско се воделе непрекинати борби во текот на целиот месец август 1903 година. Во време на востанието во Охридско имало 31 борба. Четите од Илинденското востание својата борба ја продолжиле и во текот на Младотурската револуција во 1908 година.
Современа историја мини|десно|Деца од Охрид пловат со дрвени корита за перење во Охридското Езеро, 1916 година
Охридската околија за време на Првата балканска војна била поделена од страна на Србија и Бугарија на два дела: еден кој припаднал под српска власт и друг чиј статус требало да се решава по крајот на војната. Српската војска во Охрид влегла на 22 ноември 1912 година. Во војната се вклучиле и голем број охриѓани со надеж дека Македонија ќе биде ослободена.
Поради незадоволсвото од потпишувањето на Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија, во септември 1913 година во Западна Македонија (Дебар, Охрид, Струга) е кренато востание, познато како Охридско востание. На 12 септември четите на Петар Чаулев и Павле Христов влегле во Охрид. Српската војска и администрација била протерана од Охрид, било свикано собрание и била формирана привремена управа, во која влегле: Лев Огненов, Иван Групчев, Павел Христов, Лев Кацков, Петар Филев и други истакнати граѓани. На 19 септември селата во Охридско биле освоени и опожарени од страна на српските чети, а четите на ВМРО се повлекле на запад кон Голо Брдо.
За време на Првата светска војна, Охрид и Охридско потпаднале под бугарска власт. За време на оваа окупација извршени се бројни ограбувања и однесени се предмети, книги и друго материјално богатство што се векови сведочело за достигнувањата на Охридската архиепископија. По пробивот на Македонскиот фронт во септември 1918 година, силите на Антантата ги поразиле бугарската и германската војска, така што тие ја напуштиле Македонија.
Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, бидејќи биле под притисок на германските сили, тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили ноќта меѓу 7 и 8 ноември градот е ослободен.
Во 1958 година во црквата „Света Софија“ бил одржан Вториот македонско црковно-народен собор на кој била донесена одлука за возобновување на Охридската архиепископија и истата да го носи името Македонска православна црква. На Третиот македонски црковно-народен собор, кој исто така се одржал во црквата „Света Софија“ во 1967 година била донесена одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква.
Географија мини|лево|Сателитска снимка на Охрид и Охридското Езеро мини|десно|Старата рибарска населба Канео пред невреме Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на североисточната страна од Охридското Езеро, во Охридско-струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.
Сливното подрачје на Охридското Езеро брои над 40 реки и тоа 23 на албанска и 17 на македонска територија. Сепак, најголемиот дел од нив пресушуваат во летниот период и се незначителни. Во однос на нивниот проток, Сатеска, Коселска, Сушица и Черава се најзначајните реки кои се вливаат во езерото.
Охридски маала Маала во Охрид се: Варош, Канео, Месокастро, Кошишта, Воска, Лабино, Кара-бего Маала, Крст-Џамија, Видобишта, Влашка Маала, Христо Узунов, Бараки, Црногорци...
Население лево|мини|364x364пкс|Карта со населени места на Охридското езеро Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 година во Охрид живееле 14.860 жители, од кои 8.000 Македонци, 5.000 Турци, 800 Албанци (300 христијани и 500 муслимани), 460 Власи и околу 600 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Охрид, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.
Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 42.033 жители и спаѓал во групата на средни градови. Заедно со туристичките приградски населби Рача (1.043 ж.), Населба Исток (117 ж.) и Свети Стефан (112. ж.) кои во статистиките се водат како одделни населени места, градот Охрид има 43.305 жители. Етнички гледано, населението (без приградските населби) е составено од:
Народ ВкупноУдел (%) Македонци 33.791 80,39 Албанци 2.959 7,04 Турци 2.256 5,37 Роми 69 0,16 Власи 308 0,73 Срби 331 0,79 Бошњаци 29 0,07други 2.290 5,45
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 34.910 83,05 албански 3.957 9,41 турски 2.226 5,30 ромски 26 0,06 влашки 156 0,37 српски 280 0,67 бошњачки 10 0,02други 468 1,11
Вероисповед
Во Охрид се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) Православни 33.987 80,86 Муслимани 7.599 18,08 Католици 119 0,28 Протестанти 4 0,01 други 324 0,77
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Охрид: