Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Конче; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Конче, Општина Конче.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во непосредна близина на главната манастирската црква „Св. Стефан“.
Подрачни училишта
Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Конче. Овие училишта се: Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Габревци Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Горни Липовиќ Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Долни Липовиќ Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Ракитец
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Конче Категорија:Конче Конче Категорија:Основни училишта во Македонија