Малите лисици (англиски: The little foxes) - американски филм од 1941 година, во режија на Вилијам Вајлер, по сценариото на Лилијан Хелман, засновано врз нејзината истоимена драма од 1939 година. Главните улоги ги играат: Бет Дејвис, Херберт Маршал, Ц. Дингл, Ц. Бентон Рид и Тереза Рајт. Филмот бил номиниран за „Оскар“ во девет категории, но не победил во ниедна и така станал првиот филм во историјата кому му се случило тоа.HRT, Male lisice, američki film - Dupla projekcija: Bette Davis (пристапено на 2.6.2020)

Синопсис Реџина Гиденс (ја игра Дејвис) е аристократка од Југот на САД која се бори за имотот и за личната слобода против конзервативните општествени норми на почетокот од XX век, кога само синовите се сметале за законски наследници на таткото. Поради таквите закони, нејзините алчни браќа Бенџамин (го игра Дингл) и Оскар (го игра Бентон Рид) воопшто не мора да се грижат за својата егзистенција, додека неа ја издржува сопругот Хорас (го игра Маршал) кој боледува од тешка срцева болест...HRT, Male lisice, američki film - Dupla projekcija: Bette Davis (пристапено на 2.6.2020)

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1941 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Вилијам Вајлер Категорија:Филмови со Херберт Маршал Категорија:Филмови со Бет Дејвис Категорија:Филмови со Тереза Рајт Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД Категорија:Филмови засновани на книги