Манастириште — археолошко наоѓалиште во штипското село Шопур. Претставува средновековна црква и некропола. На 200 м југоисточно од селото, на мала височинка обрасната во шума се наоѓаат грамади од кршен камен кои, според кажувањата на мештаните, потекнува од темели на ѕидови. Местото се почитува како црковно и на него се доаѓа на Петровден. На источниот крај на теренот се наоѓаат денешните гробишта, каде што се забележуваат и постари гробови од камени плочи, кои селаните не ги паметат.
Поврзано Ѕидини — средновековна населба; Логур — средновековна некропола; Мадемска Река — рудник од римското време; Пилав Тепе — населба од неолитското време и градиште од римското време; Ширинка — средновековна некропола; Шопур; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Шопур