Парк Бом (родена на 24 март 1984 година), претходно едноставно позната како Бом, е јужнокорејска пејачка. Таа е најпозната како член на јужнокорејската женска група 2NE1.
Парк својата музичка кариера ја започнала во 2006 година, настапувајќи на синглови објавени од музичари кои биле во истата издавачка куќа со неа: Биг Бенг, Лекси и Маста Ву. Во 2009 година, таа го направила своето деби како член на 2NE1 како главен вокал. Парк објавила два самостојни синглови, „You and I“ и „Don't Cry“, кои достигнале број еден на Гаонската дигитална табела, националната музичка листа во Јужна Кореја. Таа била наградена за Најдобар дигитален сингл на Азиските музички награди Мнет во 2010 година.
По растурањето на 2NE1 во 2016 година, Парк ја напуштила агенцијата на својата група, YG Entertainment, во ноември 2016 година. Во јули 2018 година, таа потпишала со D-Nation Entertainment и го објавила својот кам-бек сингл „Spring“, во март 2019 година.
Ран живот Парк Бом е родена во Сеул, Јужна Кореја, на 24 март 1984 година. Нејзината постара сестра, Парк Го-јн, е виолончелист. Додека била прва година во средно училиште, во Соединетите Држави, таа била дијагностицирана со хиперактивно нарушување со дефицит на внимание (АДХД).
Кариера
2006–2013: Почетоци во кариерата и пробив Парк се вратила во Јужна Кореја за да ја продолжи музичка кариера таму и повеќепати се била на аудиција за да се приклучи на YG Entertainment, каде што била прифатена во компанијата по три години аудиција. За време на нејзината работа како приправник во YG, Парк била дијагностицирана со лимфаденитис; Оттогаш, Парк продолжила да страда повремено од лимфаденитис. Во 2006 година, таа пеела на двата од најстарите синглови на Биг Бенг, „We Belong Together“ и „Forever with U“. Парк соработувала и со Лекси на „Baby Boy“ од нејзиниот трет мини албум „Rush“, и Ред Рок на синглот „Along My Way“. Таа се појавила и во низа на промотивни музички видеа за Samsung Anycall со истото име, заедно со Ли Хјори, Џи-Драгон и Коми.
алт=|лево|мини|270x270пкс| Парк во септември 2009 година Парк била поставена како главен вокал на 2NE1, заедно со CL, Дара и Минзи. Потоа, групата соработувала со колегите на Биг Бенг за песната „ Lollipop“ пред официјално дебитирање на „Музичкиот тренд“ на SBS на 17.05.2009 година, каде ја извеле „Fire“. Групата остварила значителен успех со синглот број еден „I Don't Care“ од нивниот прв мини албум, 2NE1, која им ја освоила наградата „Песна на годината“ на доделувањето на Азиските музички награди Мнет во 2009 година, што ја направило првата дебитантска група да освои награда во истата година кога дебитирале. Во август 2009 година, по завршувањето на промоциите за нивниот деби-сингл, членовите паузирале за да се фокусираат на поединечните активности. Таа го издала својот прв самостоен сингл „You and I“, кој го зазел местото број еден на музичката табела Гаон за месец ноември. Синглот на крајот освоил Најдобриот дигитален сингл на доделувањето на Азиските музички награди Мнет за 2010 година. До крајот на 2011 година, било објавено дека „You and I“ била симната 4.483.364 пати, станувајќи еден од најпродаваните синглови во историјата на корејската музика.
алт=|мини|310x310пкс| Парк во 2011 година Во 2014 година, било објавено во јавноста дека Парк во минатото била под истрага за шверц на лекови (80 таблети кои содржат амфетамин) преку меѓународна пошта. Пакетот, испратен од членовите на нејзиното семејство кои живеат во Соединетите Држави до нејзиното живеалиште во Јужна Кореја, било запрено на царината на Меѓународниот аеродром Инчеон. Парк била ставена под истрага, но никогаш не била обвинета. Во изјавата издадена од Јанг Хјун-сук од YG Entertainment, тој зборувал против наводите за повластен третман. Тој објасни дека лекот е нелегален во Јужна Кореја, но легален во САД. Таа не можела да патува во Соединетите Држави за тоа време, поради нејзиниот зафатен распоред. Парк стапила во контакт со нејзиниот лекар од САД за да се снабди со лекови. Јанг понатаму објаснил дека Парк побарала лекарска помош од лекари од Јужна Кореја и поминала на терапија, но се покажала како не толку ефикасна како нејзиниот третман во Соединетите Држави. Во 2010 година, во моментот на истрагата, таа ѝ доставила на обвинителката медицински досиеја од нејзината болница во САД, потврдувајќи ги нејзините дијагнози, како и планот за тековно лекување. Истата година, Парк се приклучила во составот на Roommate на SBS, реалити шоу во кое се прикажани единаесет познати личности кои живеат заедно во една куќа. Таа наскоро се повлекла од програмата по скандалот и таа прекинала од индустријата за забава.
Следниот настап на Парк бил на 2 декември 2015 година, настапувајќи со 2NE1 на доделувањето на Азиските музички награди Мнет во 2015 година. На 25 ноември 2016 година, YG Entertainment го соопштила распадот на групата. Компанијата открила и дека поранешните членови CL и Дара потпишале самостоен договор, навестувајќи на заминувањето на Парк од продукцијата. Парк, сепак, учествувала во последната песна на 2NE1 „Goodbye“, објавена на 21 јануари 2017 година.
2018 до денес: Враќање во кариерата алт=|лево|мини|270x270пкс| Парк во март 2019 година На 20 јули 2018 година, Парк, наводно, потпишала ексклузивен договор со новосоздадената забавна компанија D-Nation Entertainment. Планирано било дека таа ќе го издаде својот деби мини-албум составен од пет до шест песни во ноември, како и промотивни активности во странство. Сепак, било објавено на 2 октомври 2018 година дека мини-албумот наместо тоа ќе биде објавен околу јануари 2019 година и дека Парк ќе отвори канал на Јутјуб. Следниот ден, било објавено дека таа ќе го оствари своето прво појавување на малите екрани после четири години преку YG Future Strategy Office, во која главна улога ја има поранешниот колега од издавачката куќа, Сунгри. Парк била прикажана во третата епизода од серијата, „Музички бизнис“, која премиерно била претставена на 5 октомври 2018 година на Нетфликс.
„Spring“ била објавена на 15 февруари 2019 година како главен сингл на нејзиниот деби-сингл албум со истото име, кој бил објавен на 13 март 2019 година заедно со премиерата на своето музичко видео. Песната била направена од Brave Brothers и опишана како „R&B песна со средно темпо“. Дополнително, „Spring“ ја вклучила како вокал поранешната колешка на Парк, Дара. Песната била изведена за прв пат за време на изложбениот настан на Spring, кој се одржал во истиот ден од објавувањето. „Spring“ дебитирала на првото место на табелата за продажба на светски дигитални песни на „Билборд“ како најпродавана песна од жанрот К-поп и највисок ранг на нова песна од таа недела. „Spring“ повторно била објавена како мини албум со наслов „re: Blue Rose“ на 2 мај 2019 година. Водечкиот сингл насловен „4:44“ бил направен од Brave Brothers уште еднаш и бил вклучен вокал од Wheein. Парк го издала „I Do, I Do“ за корејската серија „Парфем“ како нејзино прво учество во една музика за серијал, на 1 јули 2019 година. Таа ја одржала својата прва средба со обожаватели, наречена како „Spring Again“, на 20 јули 2019 година.
Парк се натпреварувала на телевизиското реалити натпреварување на Мнет, „Queendom“, кое првично се емитувало на 29 август 2019 година. Таа издала три синглови во текот на целиот нејзин настап во натпреварот: препев на „Hann (Alone)“ од колегите-натпреварувачи (G)I-dle и „Eyes, Nose, Lips“ од поранешниот колега од издавачката куќа, Тејанг, и оригинална песна под насловот „Wanna Go Back“. Парк последователно се појавила во „Chanel“ од MC Mong, која била издадена на 29 октомври 2019 година. Таа повторно се здружила со Дара за синглот насловен „First Snow“, кој бил издаден на 10 декември 2019 година.
Дискографија
Самостојни албуми Наслов Детали Највисоко место Продажба КОР Spring Издадена: 13 март 2019 година Повторно издадена: 2 мај 2019 година (re:Blue Rose) Издавачка куќа: D-Nation Формати: ЦД, дигитално преземање 2 КОР: 22.547 Cumulative sales for Spring (Korea):
Синглови
Како главен музичар Наслов Година Највисоко место Продажба Албум КОР Гаон КОР Хот НЗ Хот NZ Hot Singles Chart: САД Свет "You and I" 2009 36 - - - КОР: 996.381+ To Anyone „Don't Cry“ 2011 1 - - - КОР: 2,512.950+ САД: 10.000 2NE1 „Spring“ (봄) 2019 3 4 39 2 САД: 1.000+ Spring „4:44“ (4 시 44 분) 84 78 - - rowspan="2" re: Blue Rose „First Snow“ (첫눈) 168 - - 19 "-" означува изданија што не биле на табела или не биле издадени во тој регион.
Како гостин-музичар Наслов Година Највисоко место Продажба Албум КОР „We Belong Together“ (Биг Бенг со Парк Бом) 2006 rowspan="5" rowspan="5" Big Bang „Anystar“ ( Ли Хјори во кој учествуваат Ли Џун-ги и Парк Бом) „Forever with U“ (Биг Бенг со Парк Бом) Big Bang 03 „Along My Way“ (Ред Рок со Парк Бом) 2007 „Baby Boy“ (Лекси со Парк Бом) Rush „Oh Yeah“ (GD & TOP со Парк Бом) 2010 2 КОР: 1.380.732 GD & TOP „Having an Affair“ (G-Dragon и Парк Мјонг-су со Парк Бом) 2011 1 КОР: 4,172.894+ Infinite Challenge „Up“ (Епик Хај со Парк Бом) 2012 6 КОР: 976.020 Cumulative sales for "Up": 99 „Black“ (јапонска верзија) (G-Dragon со Парк Бом) 2013 - rowspan="2" Coup d'etat „Chanel“ (MC Mong со Парк Бом) 2019 6 Channel 8 "-" означува изданија што не биле на табела или не биле објавени во тој регион.
Учество во филмска музика Наслов Година Највисоко место Албум КОР САД Свет „I Do, I Do“ 2019 - - Perfume OST, Дел 8 „Break Up with Her“ (그녀 와 의 이별) - - Immortal Songs: Singing the Legend (2019 Summer Special, Part 1: So Chan-whee & Kim Hyun-jung) „Hann (Alone)“ (со Cheetah) - 13 Queendom <Cover Contest>, Дел 1 „Eyes, Nose, Lips“ - - Queendom <Box of Fan-dora> Дел 2 „Wanna Go Back“ (되돌릴 수 없는 돌아갈 수 없는 돌아갈 곳 없는) - 18 Queendom <Final Comeback> "-" означува изданија што не биле на табела или не биле објавени во тој регион.
Други рангирани песни Наслов Година Највисокo местo Продажба Албум КОР САД Свет „My Lover“ 2019 125 5 САД: 1.000+ Spring „Shameful“ 149 4 САД: 1.000+
Награди и номинации Година Награда Категорија Номинирано дело Резултат Наводи 2010 Азиски музички награди Мнет Најдобар дигитален сингл "You and I" "2010 M.net Korean Music Festival Winners list" . MAMA. 2019 Награди за најдобра К-музика Сорибада Награда за R&B уметник Азиски музички награди Мнет Песна на годината „Spring“ Најдобра вокална изведба (соло) Избор на обожавателите ширум светот Музички награди Мелон Најдобар R&B/Soul „Spring“ 2020 Музички награди на Гаон музичкиот список Песна на годината (март) Сеулски музички награди Награда Бонсанг rowspan="4" Специјална награда Халју Награда за популарност Награда за најпознат К-Поп уметник Награда R&B/Хип Хоп „Spring“
Белешки
1. : "I Do, I Do" не влегла на листата Гаон Дигитал, но дебитирала и зафатила место на 27. место на листата Гаон БГМ.
Наводи
Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“ Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Статии со извори на корејски (ko) Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со текст на корејски