мини|Тврдина Мејсон Тврдината Мејсон () во Сан Франциско, Калифорнија, САД е поранешна станица на американската армија на северот на Марина, покрај Санфранцискиот Залив. Во минатото, оваа тврдина била позната и како Утоварно пристаниште во Сан Франциско на американската армија (). Тврдината Мејсон служела како станица на американската армија повеќе од сто години: првично како место за прибрежна одбрана и потоа како војно пристаниште. За време на Втората светска војна, ова утврдување било главното пристаниште на тихоокеанскиот фронт.
Денес, тврдината Мејсон е дел од националната рекреациона површина „Голден Гејт“ и е домаќин на повеќе културни институции. Целата површина на тврдината (49 згради распространети на повеќе од 490 хектари) е впишана како историска област на Националниот список на историски места. Долниот дел на тврдината е прогласен за Национален историски споменик поради улогата на пристаништето во Втората светска војна.
Наводи
Категорија:Тврдини во Сан Франциско, Калифорнија Категорија:Тврдини во Калифорнија Категорија:Заливска област на Сан Франциско