Танц со змејовите е петтиот роман, од седум планирани, во епскиот фантазиски серијал Песна на мраз и оган од американскиот автор Џорџ Р. Р. Мартин. Во некои области, обично-укориченото издание било објавено во два дела, под наслов Соништа и прашина и По гозбата. Тој бил единствениот роман во серијалот што бил објавен за време на осум сезонскиот период на адаптацијата на HBO на серијалот, Игра на тронови, и содржи 1.040 страници со избројани скоро 415.000 зборови.
Тврдоукориченото издание во САД било официјално објавено на 12 јули 2011 година, а неколку седмици подоцна се искачило на првото место на двете листи за бестселери од Publisher Weekly и USA Today. Романот бил адаптиран за телевизија како петтата сезона на „Игра на тронови“, иако елементи на книгата се појавија и во третата, четвртата и шестата сезона на серијата.
Резиме на заплетот
Ѕидот и пошироко Стенис Баратеон, барателот на Железниот престол на Вестерос, го зазема Ѕидот на северната граница на кралството, помагајќи во одвратувањето на инвазија од дивтарите од северната дивина. Станис го егзекутира Менс Рајдер, водачот на дивтарите, затоа што одбил да му се покори и ја маршира својата војска јужно за да побара поддршка во баратањето за престолот.
Џон Сноу, новоизбраниот Врховен командант на Ноќната стража, редот што го брани Ѕидот, ја подготвува одбраната против Другите, непријателски нечовечки суштества од далечниот север. Џон преговара со водачот на дивтарите, Тормунд Џајантсбејн, за дивтарите да преминат на другата страна од Ѕидот, во замена за нивната помош во одбраната. Ова резултира со стаклен мир, но создава немири меѓу Ноќната стража, кои со векови ги сметаат дивтарите за свои непријатели.
Советникот на Станис, волшебничката Мелисандра, го предупредува Џон дека неговата полусестра Арја Старк е во неволја. Менс се открива дека е жив, благодарение на волшебната измама на Мелисандра. Тој е испратен во замокот на старковите предци, Зимопад, сега окупиран од непријателите Болтонови, за да ја спаси Арја. Како и да е, девојката во визиите на Мелисандра излегува дека е Алис Карстарк, млада благородничка која избегала кон Ѕидот за да го одбегне својот предавнички чичко. За да ја заштити Алис и да му помогне за вклучувањето на дивтарите во вестеросовото општевство, Џон организира Алис да се омажи со Сигорн од Тен, дивтарски водач.
Џон добива провоцирачко писмо од Ремзи Болтон, кој тврди дека ја срушил војската на Станис во Зимопад. Заканувајќи се со напад, Ремзи бара Џон да ги испрати и станисовата сопруга, ќерката и други заложници, покрај Арја и посвоениот брат на Џон, Теон Грејџој, последните двајца кои Џон не ги видел со години. Џон одлучува сам да маршира кон Ремзи и бара доброволци да го придружуваат. Неговите офицери ја гледаат намерата на Џон да маршира кон Ремзи, како предавство на неутралноста на Стражата и тој е избоден во буна.
Во меѓувреме, осакатениот полубрат на Џон, Бран Старк, кој патува северно од Ѕидот, е одведен до последните преживеани Деца на шумата, нечовечки домородци во Вестерос. Тие го запознаваат Бран и неговите придружници со „последниот зеленогледач“, древен човек испреплетен со корените на едно разгрането дрво. Тој му помага на Бран де се научи на јасновидниот поглед, овозможувајќи му на Бран да биде сведок на минатото и сегашноста преку очите на разгранетите дрвја кои растат во текот на северот.
Преку Тесното море
Во слободните градови Откако го убил својот татко Тајвин, Раката на кралот, џуџето Тирион Ланистер е прошверцуван од Вестерос во градот Пентос од страна на главниот шпион Варис, каде што тој е засолнет од аристократот Илирио Мопатис. Тирион е испратен на југ со дружина наводно за да и помогне на прогонетата принцеза Денерис Таргариен, која ги контролира единствените живи змејови, во нејзиното баратање за Железниот престол. Тирион дознава дека Варис и Илирио го скриле претпоставениот мртов Егон Таргариен, син на починатиот брат на Денерис, принцот Рејгар, и имаат намера да го вметнат како крал на Вестерос со помош на Денерис. Тирион го убедува Егон веднаш да го нападне Вестерос, без да чека на Денерис. Наскоро потоа, Тирион е киднапиран од понижениот советник на Денерис, Џора Мормонт, кој има намера да го предаде на Денерис за да ја поврати нејзината верба.
Во Слободниот град Бравос, Арја е приврзаник на еснафот на атентатори познат како „Безлични луѓе“. Кога привремено ја ослепуваат, Арја го развива чувството за слух и сфаќа дека може да „гледа“ преку мачки на ист начин како што можела со својот миленик свирепиот волк, Нимерија. Откако ќе ѝ се врати видот, Арја има задача да убие корумпиран трговец додека магично се маскира со лицето на друга девојка. Откако го сторила тоа, Арја е прогласена за чирак на Безличните луѓе, да биде предадена на друг атентатор за да продолжи со обуката.
Робовладетелскиот Залив Денерис го освоила градот Мерин и го забранува ропството, но се мачи за одржување на мирот меѓу различните фракции во градот, вклучувајќи ги и Синовите на Харпијата, насилна меринска отпорничка група, и со соседниот град Јункај.
Змејовите на Денерис станале сè поопасни, а таа неволно ги ограничува во зандана за безбедноста на своите луѓе. Дрогон, најголемиот, избегнува заробување и одлетува. И покрај нејзината сексуална врска со платеникот Дарио Нахарис, Денерис се мажи со меринскиот благородник Хиздар зо Лорак за да обезбеди сојуз за да ги смири Синовите на Харпијата.
Квентин Мартел, син на принцот од Дорн во јужен Вестерос, пристигнува во Мерин со надеж дека ќе го обнови сојузот помеѓу семејството на Денерис и неговото, но тој не е во состојба да ѝ го задржи вниманието. Џора и Тирион имаат бродолом, се киднапирани и продадени се на јункајски трговци со робови. Тирион бега од јункајската војска која го опсадува Мерин, се приклучува на платеничката група Втори синови и ја обезбедува нивната поддршка за Денерис. Во меѓувреме, уште еден вестеровец, Виктарион Грејџој, плови за Мерин, со намера да се ожени за Денерис и да ги искористи нејзините змејови за да го собори неговиот брат, кралот на Железнородените.
На инсистирање на Хиздар, Денерис повторно ги отвора градските „борбени јами“ за гладијаторска борба, но бучавата и масакрот го привлекуваат Дрогон. Во исходот на хаосот, Денерис се качува на Дрогон за да го смири, но тој одлетува далеку со неа. Хиздар е вмешан во обид за труење на Денерис. Нејзиниот советник, Баристан Селми, го отстранува Хиздар од власт, а Синовите на Харпија продолжуваат со убивањата. Баристан се подготвува за борба со војските надвор од Мерин. Квентин се обидува да ја докаже својата вредност со јавање на еден од преостанатите змејови, но е убиен и двата змејови се ослободени.
Дрогон лета со Денерис кон Дотрачкото море, пасиште кое го контролираат номадските Дотрачани. По неколку дена, Денерис се сретнува дотрачка орда предводена од Кал Џако.
Во Седумте кралства
Север На Северот, Рус Болтон ја соборил Куќата Старк и ја презел власта како Управник на Северот по сојузот со Куќата Фреј. Голем дел од регионот е окупиран од железноборните напаѓачи. Според советите на Џон Сноу, Станис ја добива поддршката на северните планински кланови ветувајќи дека ќе го поврати Зимопад и ги протерува Железнородните. Со нивна поддршка, Станис ја заробува Аша Грејџој, внука на Виктарион и со своите сили маршира кон Зимопад за да ги нападне Болтонови, но неговиот напредок е запрен од силни снежни бури.
Советникот на Станис, Давос Сиворт е испратен да ја добие поддршката на богатиот господар Вајман Мандерли, кој сценира лажно погубување врз Давос за да се најде во корист со ланистеровиот режим кој го контролира Железниот престол. На тајна средба, Мандерли му кажува на Давос дека тој и другите северни вазали имаат намера да изработат потчинетост кон Болтонови и Ланистерови, додека заговараат за одмазда за смртта на Роб Старк и обновување на старковото владение. Откривајќи му на Давос дека младиот Рикон Старк се крие на оддалечениот остров Скагос, Мандерли се заложил за поддршка на Станис, доколку Давос може да го поврати Ринкон и да ги обедини приврзаниците на Старкови.
Теон Грејџој е затвореник на Болтонови и е осакатен и измачуван од седистичкиот син на Рус, Ремзи, кој го преименува Теон во „Бздач“. За да го зацементира своето владеење над Северот, Рус наводно го жени Ремзи со Арја Старк, но девојката е всушност Џејн Пул, пријателка на сестрата на Арја, Санса, која е принудена да ја имитира Арја и физички и сексуално е злоставувана од Ремзи. Преображениот Менс Рајдер пристигнува во Зимопад и го такса Теон за да му помогне да ја ослободи лажната Арја. Теон и Џејн избегале, скокајќи од ѕидот на замокот во снегот за на крај да бидат заробени од силите на Станис.
Југот Џејми Ланистер, чичко (и, тајно, татко) на младиот крал Томен Баратеон, преговара за предавање на последните сојузници на покојниот Роб Старк, номинално ставајќи крај на војната Старк-Ланистер во Речните земји. Бриен од Тарт, која Џејми ја испратил да ја бара Санса Старк, го наоѓа Џејми и му кажува дека Санса е во опасност; тој ја следи.
Откако Тирион го убедил Егон да го нападне Вестерос, Егон и неговите сили заробуваат неколку замоци во Бурните земји со мал отпор. Во меѓувреме, очувот на Егон, Џон Конингтон, тајно боледува сива скала, смртоносна и заразна болест.
Доран Мартел, принцот на Дорн, испраќа три од неговите внуки северно во главниот град Кралебран за да се инфилтрираат во Верата и владата и да работат во интерес на Дорн.
Серсеј Ланистер, мајка на Томен и кралица-регент, е уапсена од Верата под обвинение за блуд и заговор. За да се ослободи од затвор, таа признава на неколку од помалите обвиненија против неа, но не признава дека го убила сопругот кралот Роберт Баратеон, ниту дека нејзините деца се производ на инцест. Како услов за нејзино ослободување, Серсеј е принудена да се понижи со одење гола низ градот. Во меѓувреме, сојузникот на Серсеј, поранешниот мајстор Кјубурн, го создал „сер Роберт Стронг“, 2,4 метарската висока фигура обвиена во оклоп, за да биде непобедлив шампион во претстојното судење во борба на Серсеј.
Откако преземал контрола врз владата, чичкото на Серсеј, Кевин Ланистер и Врховниот мајстор Пајсел се обидуваат да ја поправат штетата предизвикана од лоштото владеење на Серсеј. Како и да е, Варис повторно се појавува и ги убива и Кевин и Пајсел, откривајќи дека тој со години заговарал Ланистерови да се уништат едни со други за да може Егон Таргареан да го заземе престолот, откако бил одгледан како идеален владетел. Книгата завршува со тоа што Варис го испраќа своето дете шпиони за да го доврши Кевин.
Дополнително Покрај мапите објавени во претходните книги, книгата вклучува нова мапа на претходно неистражената област на слободните градови на источниот континент. Како и претходните четири тома во серијалот „Мраз и оган“, книгата вклучува додаток со целосен список на ликови.
Ликови Приказната е раскажана од гледна точка на 18 различни ликови, вклучувајќи и два мали еднократни ликови од гледна точка прикажани во прологот и епилогот. Сите, освен два лика од нивна гледна точка биле идентификувани пред објавувањето на книгата.
На северот:
Пролог: Варамир Шест-Кожи, менувач на кожа и еден од преживеаните дивтари северно од Ѕидот. Џон Сноу, 998. врховен командант на Ноќната стража и копилен син на Едард Старк. Бран Старк, вистинскиот наследник на неговиот брат, покојниот Роб Старк . Во потрага стара моќ преку Ѕидот, сметан мртов од цело негово семејство. Давос Сиворт, поранешен шверцер и Рака на кралот Станис Баратеон. Неодамна научил да чита, испратен да преговара со северните куќи. Бдздачот, принцот на Зимопад, Вртикапата, Духот во Зимопад: Теон Грејџој, претпоставен-мртов син на неодамна починатиот крал Бејлон Грејџој од Железните Острови, заробеник на Ремзи Болтон и сега измачуван, вгалдуван и едвај здрав во умот. Самоволната невестаа, Наградата на Кралот, Жртвата: Аша Грејџој, внука на кралот Јурон Грејџој од Железните Острови, побегната од Железните Острови по крунисувањето на вујко ѝ.