Полона Ловшин — словенечка сликарка и илустраторка, родена е на 10 јуни 1973 во Љубљана, СФРЈ денес Словенија.

Животопис Дипломирала сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана во класата на истакнатиот словенечки уметник Херман ГвардјанчичPolona Lovšin - Illustrations.

Со илустрации на книги, списанија, сликовници, започнала да се занимава од 1990 година. Соработувала со издавачката куќа „Младинска книга“ како и со списанијата: „Змајче“, „Цицидо“, „Цицибан“, „Кекец“, воедно илустрирајќи голем број учебници и сликовници.

Илустрацииите за сликовницата „Бобек и барчица“, биле номинирани за најдобри и оригинални сликарски решенија на сликовница и книга за деца во Словенија за 2004 година.

Во 2006 година година ја добила наградата за најдобро илустрирана детска книга во Словенија за сликовницата „Медо ја решава збунетоста сета“.

Ловшин во континуитет соработува со истакнати странски издавачки куќи: Пан Макмилан, „Пингвин“ и „Темплар“Polona Lovšin.

Нејзиното творештво е претставувано на Саемот на книгата (секоја година во Љубљана), како и на Саемот на книгата во ТБолоња, на Биеналето за уметнички илустрации во Јапонија и Братислава.

Публикува и приредува самостојни изложби во Словенија и во странство:Италија, Словачка, Јапонија...

Полона Ловшин е една од нај истакнатите словенечки илустраторки и сликарки а со бројните соработки со странските познати издавачки куќи и самостојни изложби таа го потврди своето истакнато уметничко меѓународно реномеPolona Lovšin – ilustracije.

Живее и работи во Љубљана

Творештво Поистакнати илустрации на книги Бобек и барчица (2005), ID=216224768 Замокот (2005), ID=220887808 Снежана (2007), ID=271706112 Медо ја решава збунетоста сета (2007), ID=234752512 Брбливата желка (2007), ID=233768704 Мачето Катка (2009), ID=244497408 За детето што се плашеше од вода (2009), ID=241490432 Дојде големиот лав (2010), ID=235864064 Што слушаш, мало глувче? (2010), ID=250608896 Славејот и калинката (2012), ID=259862016 Најдихојча (2010), ID=1098247518 Принцеза на срцето (2013), ID=267974656 Прекрасни денови (2017), ISBN 9781250107206DADDIES ARE AWESOME Грижливи мајчички (2018). ISBN 9781250107213illustrations by Polona Lovšin Грдото пајче звучни бајки, (2017)Polona Lovšin (Illustrations)

Награди Номинација за оригинална словенечка сликовница за сликовницата „Бобек и барчица“, 2004 година Награда за оригинална словенечка сликовница за сликовницата „Медо ја решава збунетоста сета“, 2006 година

Наводи

Надворешни врски polona Polona Lovšin Polona Lovsin Biography illustrator Polona Lovšin

Категорија:Словенечки сликари Категорија:Словенечки илустратори Категорија:Сликари од 21 век Категорија:Сликари од 20 век