Мунстер (службено познат и како Мунстер (Ерце); или Munster (Örtze)) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на иста оддалеченост од Хамбург и Хановер.
Градот е дом на најголемата касарна на германската армија и се наоѓа помеѓу две подрачја за тренинг „Мунстер Север“ и „Мунстер Југ“. Исто така, градот е седиште на четвртиот најголем гарнизон на германските вооружени сили. Истражувачкиот институт за заштитни технологи се наоѓа во Мунстер.
Во него главно живеат војниците и други владини вработени, додека околните воени подрачја го ограничуваат развојот на градот.
Географија
Мунстер се наоѓа во средишниот дел на Линебуршкото Поле на реката Ерце помеѓу Золтау и Илцен.
Мунстер е најголем гарнизон на германската војска. Во северниот дел на тренинг-подрачјето Мунстер-Север се наоѓало некогашното село Лопау.
Забраната за движење на населението во воените зони предизвикало да се развие единствен животен свет во Германија и да се најдат одредени видови, кои одвај ги има во Германија. ВО 2011 година во Мунстер-Север бил виден првиот волк во Долна Саксонија. ВО 2013 година се родиле седум мали волци.
Историја
Првото документирано споменување на Мунстер било во 1252 година. Царски германски баталјон под команда на идниот претседател на Германија Паул фон Хиндебург започнал да ја користи областа како полигон во 1893 година. Бундесверот повторно ги отворила своите касарни во Мунстер во 1956 година, кои биле проширени во 1990 година. Денес, Мунстер е најголем гарнизон на германската војска. Во периодот 1950-1984 дел од касарната станала британска воена база.
Во 1916 година, Германското Царство го отворила „Брело“, областа наменета за истражување и производство на хемиско оружје. По Првата светска војна, местото било затворено и муницијата чувана таму била отстранета. При нивното отстранување, цел воз со хемиска муниција експлодирал во 1919 година. Причините за оваа катастрофа никогаш не биле откриени. Во 1935 година, Третиот Рајх повторно го отворил местото како област за експериментално истражување и производство, како и за тестирање на хемиско оружје. Во текот на Втората светска војна, големи количини на сулфурен боен отров и табун биле произведени тука. На крајот на војната, Германија имала производствена линија за сарин, но таа фабрика била отстранета од британските окупациски сили и подоцна префрлена во Велика Британија.
Во 1958 година, германската војска основала во областа нова агенција посветена на одбраната против оружјата за масовно уништување.
Градските права ги добил на 20 октомври 1967 година. До 31 јули 1977 година припаѓал на округот Золтау, а потоа на округот Золтау-Фалингбостел.
Во 1988 година, средиштето на градот било обновено.
На 1 февруари 1971 година, општините Алверн, Илстер, Ерел, Тепинген и Трауен биле припоени кон градот. На 1 јули 1972 година биле додадени и Брело и селото Лопау од округот Илцен.
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Главната улица во градот
Градскиот совет се состои од 32 члена. Ова одговара за град со број на жители од 15.060 (состојба 30 јуни 2016 г.).Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. November 2014 Тие се избираат на општи избори на секои пет години. Моменталниот состав е од 1 ноември 2016 година.
Последните избори ги дале следниве резулати:
CDU: 17 места SPD: 11 места FDP: 2 места Партијата: 1 место Независен: 1 место
Градоначалник
Градоначаланичка на градот Мунстер е Кристина Флекенштајн (SPD). На последните избори на 25 мај 2014 година била избрана со 54,7% од гласовите.
Збратимени градови
Мунстер е збратимен со следниве градови:
Редклиф, Кентаки, САД (од 1984 г.) Мичуринск, Русија (од 1991 г.) Ерањи, Франција (од 1999 г.) Муџо, Италија (од 2018 г.)
Главни знаменитости
Германски музеј за тенк (Deutsches Panzermuseum) — најголем музеј во Германија за воени возила Црква „Св. Урбан“ (St.-Urbani-Kirche) — црква од век Отворен музеј Олерсхоф Црква „Св. Мартин“ — поранешно бачило претворено во црква Градската библиотека Воената црква „Св. Стефан“ (St.-Stephanus-Militärkirche) — единствената црква сместена во воено подрачје во Германија и највисоката градба во Мунстер Долносаксонски извори (Niedersachsenbrunnen'') — фонтана со 8 коњи, кои ги претставуваат поранешните општини, од Јос Пиркнер (1991)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хајдекрајс