Црквиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бонче. Претставува населба од хеленистичкото и доцноантичкото време.

Опис

Во непосредната близина на селото се најдени мермерна ара со старогрчки натпис, тркалезни кули исто така со старогрчки натпис, антички монети и помали бронзени статуетки. На површината има остатоци од темели на објекти и многу градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Спаница — осамени наоди од хеленистичкото и доцноантичкото време; Старо Бонче — некропола од хеленистичко и римско време; Висока (Цуцулот, Каве) — остатоци од раноантичкиот град Пелагонија, кои се наоѓаат 2 километри југоисточно од селото, но припаѓаат во атарот на соседното мариовско село Крушевица, на кота од 1.472 метри; Градиште Цветково — остатоци од раноантичка тврдина, предстража на градот Пелагонија на Висока; Вигната — остатоци од ранохристијанска базилика; Миреч Ливада — наоѓалиште од неопределен тип и непознат период; Веслец — античко утврдување; Голема Спаница — античка некропола; Горна Преслапта — античка некропола; Грамаѓе — античка населба; Грамаѓе под Три Камна — античка некропола; Грамаѓе под Спаница — раноантичка некропола; Долен Град — античка населба; Дупнатица — раноантичка некропола; Кладенец — античка некропола; Мала Спаница — античка некропола; Петочна Вода — раноантичка некропола; Плаза — депо на монети; Бонче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Бонче