Калдрма — археолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува некропола од железното и хеленистичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 1 километар североисточно од Институтот за тутун, на 150 метри од патот Варош-Горно Село.

Опис

На наоѓалиштето била откриена некропола од која сопственикот на нивата делумно откопал три гроба. Подоцна се откопани и истражени уште гробови. Гробовите се градени од камени плочи или камења. Погребувањето било вршено со кремирање, со исклучок на еден гроб. Најдени се повеќе различни гробни прилози, керамички садови, бронзени фибули и белезици, златни висулци, железни ножеви и копја и др. Наодите се чуваат во Завод и музеј во Прилеп.

Поврзано Бревчина — населба од римското време; Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола; Св. Варвара — средновековна црква; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Петар — осамен наод од римското време; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Слон — населба од бронзеното време; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; Роклејца — доцноантичка населба; Варош; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Варош