Замбези е еден од 14-те административни региони на Намибија. Регионот се наоѓа во североисточниот дел на Намибија и скоро се совпаѓа со Капривскиот појас. Административен центар на регионот е Катима Мулило. Името потекнува од реката Замбези. До 2013 година името на регионот бил „Каприви“.

Преименување Во август 2013 година, по препорака на владина комисија, регионот Каприви требало да се преименува во регион Замбези во обид да се избришат колонијални административни имиња.

Административна поделба Регионот е составен од осум единици: Јудеја Лјаболома Кабе Север Кабе Југ Катима Мулило Рурал Катима Мулило Урбан Конгола Линјанти Сибинда

Географија Регионот се наоѓа во тропска област, со високи температури и врнежи во периодот од декември до март. Ова е највлажен регион во Намибија. Областа е составена од мочурливи предели, рамнини и долини.

Покрај реката Замбези, во регионот се наоѓаат и реките Куандо и Квандо, кои пак ја формираат границата со Боцвата. Најголем град/ населено место во регионот е Катима Мулило, но има и голем дел на села кои гравитираат околу градот.

Демографија Во регионот живеат над 90.000 жители, или 4 проценти од населението на Намибија. Голем дел од населението се занимаваат со земјоделство и сточарство. Невработеноста во регионот е 28.0%. Регионот има 102 училишта со вкупно 39,808 ученици.

Наводи

Категорија:Замбези (регион)